Прст во око
Мекотел беше нашиот сензибилитет
Крпено платно
На кое го сликавме животот
Музичка дисонанца
Од која увото трнеше
И вкусот на солзите можеше да го сетиш
И калта под ноктите да ја видиш.
Песните ни беа валкани
Како дните наши
Стиховите полни соништа
За некаде далеку а сепак блиску до срцето.
Катран и врел леб јадевме на припек
Години цели
Така тивки
Понекогаш и гласни
Толку тажни
Неповторливо среќни.
Мртвороденче беше уметникот во нас.
А се роди и раснеше
Раснеше и порасна
Кај тие што не беа голи и боси
За да ги нахрани
А ние
Ние се распрснавме некаде низ космосот
Да бидеме инспирација.
Comments
Post a Comment