Громови.

 
Ако си кажам дека не те сакам ...
Ке запре ли да расте гладов ?
Ке се смири ли чумава од тишина...
па да почнам пак ништо да не осеќам.
Ако си кажам дека не постоиш,
ке грмне ли веда за лицето да ми го осветли?
Да ми ја дообели веке обелената и тешка глава.
Ако си кажам дека не те сакам ...
Ке гледам ли пак во чашава
налеана со доза празно,
разбирајќи дека тоа е и животот
празни зборови , и полуиспечени чувства.
И пак да знам
дека никогаш едната капка
не надигнала плима.
Ако престанам да си кажувам дека некаде постоиш...
ке биде ли тоа денот кога ке се раскине небото,
ке тресат громови,
а последниот пролетен здив
ке окоти црно младенче искапено во болка
кое лакомо ке се нацица од сите цутови.




Comments