Ѕидови

 

“Сум сонил пак нешто!”

Удирајќи ги трепките силно една од друга

Како да сакаше да се залепат

Да не гледаат привиди страшни.

Ко да се беше сонил сам себе

Но, остарен и беден

Па скокна брзо и го грабна копачот тежок.

Кршеше камен од карпи вековни

Удираше со цела сила

Колку што раце и нозе го држеа

Ѕидаше ѕидови високи и рамни

Бедеми сиви околу себе

И жолтото злато што го беше насобрал.

Јаболкниците роеа плодови сластни

Насекаде околу него

Ширеа миризба блага на јаболки зрели

Но, тој не беше тука за нив

Не им поверува на змиите

Што го мамеа и викаа на залче медовина.

Тој ѕидаше трезор

За благото свое жолто

Што свое го нарекуваше.

Се дури душа не му папса

Се дури не истече и последната капка пот

Се дури не падна гладен

За мед и ореви желен

А ни мирисот на јаболката

Не го сеќавање веќе

Оти се беше заѕидал

Во трезорот свој

Со тие жолтила сјајни

Незнаејќи дека затвор ѕида.

“А ти кој си?!”

“Кој си ти што ми се привидуваш толку често?!”

Со забите зачкрипи бесно.

“Си изумил дете

Ти се исушил умот како коските твои стари”

Зборуваше тој без уста да отвори

“Ти ме создаде за да те создавам

Но, ете времиња се сторија

Како катаден ме убиваш

Го исече папокот

Што со мудрост те хранеше

А сега јас на смртна постела

Дојдов за да ти простам”.

Го уби со следниот трепет

На очите уморни

Брз како крилја на пеперуга.

Никогаш повеќе не го виде.



Comments