Чекорев по
патот добро познат
низ кој
годините минаа одејќи на прсти.
Под синиот
свод скриен од облаци
недалеку
здогледав силуета на човек.
Сопрев и
гледав од сигурна далечина
и сликата не
беше никако нова.
Зарем
повторно гледам во својот двојник,
тој што на
патов е секогаш напред?
Ме гледаше
без да изусти збор
со широка
подбивна насмевка.
Знае дека
разбирам без да слушам,
дека носи
порака полна со прекор:
„Знам немаш
храброст да ме стигнеш,
да видиш
дали сум добар или лош.
Да ме запознаеш
кој сум навистина јас,
дали сум се’
што ти никогаш не стана?“
„Мојот лик
не го гледаш јасно,
само низ
призма на ослабнат вид.
Па создаваш
слика по сопствена волја,
отпорна дури
на вековна старост.“
„Ќе чекориш
свесно по истиов пат.
Ќе стигнеш
токму на ова место.
Ќе мислиш
дека веќе сме едно и исто
се’ додека
повторно не ме видиш.“
Постојав
мирно неколку мига
за поведри
мисли да заменат други.
Да не дадам
важност на овој мал настан,
во себе да
повторам зошто сум тука.
Се свртев и
полека тргнав назад
кон топлата
сигурност на родниот дом.
Ме следеше
поглед, но не и чекор.
До ново
видување, до следната средба...
Comments
Post a Comment