Непознат глас слушаш низ прозорец,
низ мрак се пробива додека спиеш.
Повик за пат во непознат правец
и почнуваш внатре во себе да вриеш.
И нема тука простор за мисла втора,
ти си птица која спрема слободен лет.
На повикот да се одговори мора -
во ранец е спакуван твојот мал свет.
На неколку дена стануваш странец,
правиот „ти“ е ставен на пауза.
За добри вибрации сега си мамец,
ја избираш својата наредна кауза.
А кога спомени гледаш во ретровизор
после тмурниот претежок ден,
со очи затворени го бараш тој призор
кога далеку негде беше слободен.
Comments
Post a Comment