Мачор

 

Додека чекаш со озвездени очи
на чардакот и расплетена коса,
некој да те залаже со стих .
Погледни таму долу
стои еден едноок мачор,
на изглед гаден ...
по телото повеке лузни од крзно.
Дотепан и со последни сили – жив.
И со тоа едно око те чува дури и од небото.
Дење ко сонце , по мрак месечина .
Ама како секој тепан мачор,  
од луге му е страв .
И стои и гледа од далечина.
И ке бега ако пробаш ...
Но ако еднаш го почешаш под брадата
за тебе ке стане мачето кое бил. 



Comments