Ќе бидеш ли жив
За да го видиш небото црвено пак
Ќе дочекаш ли?
Ќе мирисаш ли сонце и лебец мек
Ќе стори ли погледот љубовен лак
Ќе преживееш ли?
Експлодира ли светот
Под тој фустан шиен од мрак
Дишеш ли?
Те потсети ли ова утро
Колку животи живееш првиот зрак
А потоа исчезна ли?
Ги броиш ли главите
Наведнати пред големиот твој конак
Ги паметиш ли?
Сонуваш ли да избегаш некаде
Каде денот ќе го гориш со чакмак
Сонуваш ли?
Comments
Post a Comment