Таа стои до шанкот под нејасно светло,
цела во црно претопена в мрак.
Oвде светот е потчинет, сопствен,
пулсира ноќта во ритамот нејзин.
Таа е храбра, независна, горда...
Околу неа ѕидови, челични врати,
став кој не може да го има секој.
Полици книги и длабоки песни,
таа е Фројд, Рундек и Кејв.
Таа е умна, недостапна, своја...
трофеи што зрачат со заносен сјај.
Страста се буди и пламнува јако
а честа се скрива зад превез од јад.
Таа е покорна, заносна, дива...
Средува мисли и убива чувства
низ разговор лесен со било кој лик.
Невидливи светла минат низ дождот
а ветрот ја кани на нов ноќен поход.
Таа е очајна, скршена, празна...
Замаглен поглед, неврзани мисли.
Мирис на вино дава мил лик
на пропуштен живот, на еден друг свет.
Таа потонува...
Таа потонува...
Comments
Post a Comment