Кога времето запира


Запре часовникот на темниот трон во старата витрина

Ѕидовите почнаа да пишуваат зборови никогаш неискажани

За да не падне во заборав дедовата куќа.

Се шири топол мирис на младоста низ ветвите пајажини

И ги осветлува старите дрвени прозорци.

Само на сонцето му е дозволено

Да ги крши зраците низ магливото стакло

Затоа што многу зло му сторија

Во бескрајни ноќи пробувајќи да го украдат

Но, ни времето не успеа да му пркоси.

Изгреа за топлина да му даде на лебот

Што стасува во ноќвите искршени

Наречен за мртвите за да го пуштат заробениот ветар

Што вие од далечините спремен да рикне

Да го донесе поленот и плодов џагор пак да заигра

Да продолжи векот со нови цветови.




Comments