Кога се враќам тука секогаш цветат кактусите
а деновите се тегнат до бесконечност.
Куќата станува пожива
како да е моето присуство причина
за мирисот на лаванда и нафталин
да си замине .
Секогаш кога се враќам тука
некои чудни сенки играат по ѕидовите
… духовите на изгубеното и заборавеното.
И посегнуваат по кутивчето во кое ја скрив
целата моја љубов пред многу години.
Ти се чини сакат да го отворат,
и од него да испуштат се кажано и не кажано.
Секогаш кога се враќам тука
сум изгубен и ги допирам камењата
за да се допрам себеси ,
онаков каков што сум бил.
И да го натерам младото јас да се види
во огледало остарен и измачен.
Секој пат кога се враќам тука
од пепелта се крева пак огнената птица
секој нареден пат сјае послабо
и е помала .
Но сепак се раѓа и летнува.
Comments
Post a Comment