180 степени

 


Додека насилно, силно и одлучно 
го
газам тлото,
западот гори и темни облаци се дигаат
каде сонцето паднало зад хоризонтот.

И понатаму чекорам со мисла
обременета од денот и тагата.
Највеќе од она кое некои го викаат
убавина, убост и љубов.

И знам...
и јас ти сме биле по истите
меани и крчми ...
На истите места прогонувани од лоши
духови и спомени.
Истите чаши - истите луѓе.

Но иако за мене и за тебе страните на светот се
четири , ние двајцата гледаме на обратни три.
Јас менувам ден за ноќ – ти менуваш ноќ за ден.

На запад ми почнува денот
а твојот на исток .
И ако некогаш се гушнеме,
треба да се спојат
две точки ,
она каде сонцето највисоко стои
и онаа на север до која никогаш нема да допре.
И таму е чистината на вистината.
Јас светот го гледам како северница
А ти како јулско пладневно сонце.










Comments