Блиска и далечна тага

 
Несмасен и залутан стих
Загубена мисла - секој збор.
Уште капка, уште ден...
И тече катран од ѕидовите
се тегне како заборавен саказ
Слика-прилика на растопениот јули
и целиот пекол внатре и надвор.
Сега го знам одговорот
Слобода еден ден
самотија наредниот.
Тажно туловиште пространо
по раскината фотеља
кое го фрлило бремето на денот.
Или мамурен труп на кој ништо
не му останало на светов.
Само-осуден ,
Само-затворен,
Само-казнет.
Само.




Comments