Како растопена свеќа
дури и телово откажува,
изморено од хировите
на болниот ум
кој де сака , де не сака
да живее веќе.
А и како да издржи
кога дел од него е
војната водена сорок лета.
Секој ден битка
мегу оној кој во се убавина гледа,
и оној кој во ништо не наоѓа смисла.
Растопениов јули,
цел веке земен од она јас
за кое светот е црно бела слика.
Заблеан во сивило
со очи удавени во поредната чаша.
Крваврам тука оптегнат на камен – препек.
со изгорена уста , исушени очи.
Полумртов и единствена жртва
на војната која внатре дивее.
Со здивови последни барам
бар една последна убавина – слика.
За да украдам уште еден ден,
и битката да не заврши тука.
Comments
Post a Comment