Јас не
сонувам...
Престанав кога бев помлад
со многу такви непотребни активности
како трошење на времето за спиење
со несврзани приказни генерирани
од оштетен мозок.
Или планирање на иднина.
Халуцинирање на некоја идна среќа.
И убедување на себеси дека нешто
од целиот мулти вселенски хаос
можам да контролирам.
Во оваа глава на невроните им е
дозволено да палат само во ова време
и во оваа квантна реалност.
Се друго е непотребно трошење
на времето буден...
со несврзани приказни генерирани
од оштетен мозок.
И секогаш кога ќе решат
да се недисциплинирани и бунтовни
забеганите ганглии, и влезат во
ШББ-КББ сценарија кои трошат непотребно
енергија, и со тоа уште повеќе покажуваат колку
нивната синергија го прави сивото во главава
хемиски и физички оштетено...
јас за казна ги давам во алкохолни пареи
и им давам уште повеќе непотребни
работи за да видат колку штета прават
со својата бунтовност и ...
непотребно трошење на времето
со несврзани приказни генерирани
од оштетен мозок.
Comments
Post a Comment