Добро Утро !

 

Моето сопствено тело
се стега како корсет.
Сеќавам се смалува просторот
во кој можам да дишам.
И вмиг сум целиот затворен
во минијатурно кутивче
каде минато, иднина и сегашност
постојат слеани во една бура.
И стапалата веќе не осеќаат
под нив тло.
И целиот ...
како да одлетувам нагоре,
за да го гледам животот
од над сопствениот тил.
И утрово мојата драга
амигдала ми спремила гозба.
Како и секое утро
И додека се смирувам дека
срцето нема да ми пукне.
Велам :
„Добро утро моја најдрага жлездо,
фала ти што ме потсетуваш дека сум жив,
и нека е за арно денов“




Comments