Сонуваш

 
Заспиваш...
Го отфрлаш товарот на тешкиот ден.
Го напушташ уморното тело
и влегуваш во твојот сопствен свет.

Сонуваш...
Отклучуваш со дрворез украсена врата.
Одбираш нов лик за себе,
режираш свој сопствен филм.
 
Патуваш...
Се враќаш во некое полесно време.
Чувствуваш среќа на безгрижна вечер,
го гледаш сјајот на илјада ѕвезди.
 
Погледнуваш...
Ги гледаш пред себе оние страсти
што така вешто ги криеш од светот,
кои тука го нашле својот мирен дом.
 
Трагаш...
Сонот те води низ нови хоризонти.
живееш мигови што не ги одбра,
одиш по патишта по кои не тргна.
 
Откриваш...
Пронаоѓаш своја стаклена градина
каде мирот останал зачуван,
каде место нашла слободата.
 

 

Comments