Детерминизам

 
Таму далеку на почетокот ...
два квантно заплетени
фотони го почнале својот пат.
И со секоја секунда од тогаш до сега,
нивната заплетеност...
генерирала реалност
во која јас и ти постоиме.
Јас и ти се оддалечуваме.
Јас и ти се зближуваме.
Јас и ти се љубиме.
Јас и ти се мразиме.
Јас и ти ја носиме тежината
на секоја интеракција
со остатокот на универзумот.
И тоа е тежината
на квантниот детерминизам.
Порано или подоцна,
во овој незаумен универзум
двата фотони пак ке се сретнат.
И ке се затвори приказната
која со еони се расплетувала
заради нивното заплетување.  
Или можеби пред тоа да се случи
само ке се изгуби заплетеноста.




Comments