Вечна средба

 

Се среќававме секогаш 

Кога подмолна магла ќе се спуштеше

Покрај реката на животот

Се среќававме секогаш

Кога зборував гласно и радосно

А тивкиот бик излегуваше од маглата

Покажувајќи ги огнените очи.

Се баравме секогаш и низ среќата и низ тагата

Си недостигавме проклето а еден цел век се мразевме.

Се љубевме низ голотијата на празната месечина

А се токмевме и дотерувавме 

Само штом ќе бликне првиот зрак.

Кога се криев низ густите шуми како ајдутин со празна пушка

Ти се појавуваше на гранка со кренати веѓи

Давајќи ми го првиот куршум наменет за тебе

И бомба да закачам на реверот за мене.

Се среќававме секогаш низ дуалноста

Во мојот јанг и твојот јин

И низ вечниот наш непријател, времето

Времето што го чекавме да дојде

И никогаш не научивме дека не доаѓа

Туку проаѓа.




Comments