Љубов и други ментални болести.

 

правила за како вистински да љубиш.  

Не само зборови, туку синејци од стап, 

по голиот грб на избезумен слепец. 


1. Изваj си ги очите 

За љубов нема потреба да гледаш. 


2.Секоја грешка на оној кој 

во срце и ум ти влегол е твоја. 

И секоја твоја грешка е твоја. 


3. Признај се, Дај се, изгуби се. 

И она не направеното и она кое немаш да го дадеш 

и она кое одамна изгубено е. 


4.Извор на целата убавина на светот 

е она божеството на кое се клањаш 


5. Остани небитен, 

она кое го љубиш е поважно од секој твој здив.


6.Прости, се кое било, се кое ке биде.

она кое го љубиш нема грев... Имаш само ти. 


7.Не памти ништо, 

Остави ја лутината во тебе да згасне. 

Нејзиниот мирен сон е твојата цел.


8.Не дозволувај никогаш да го види 

твоето вистинско лице, 

она претепано слабо дете кое 

во неа ја гледа целата среќа. 


9. Откажи се од себе. 

Секое твое е изгубено и заборавено. 


10.Мртов си без нејзината среќа,  

или жив труп.

Затоа збогувај се од твојот живот и среќа. 


И остани таму каде се се движи околу она кое го љубиш.

Дури ти стоиш сам со себе во прегратка со смртта.

Обидувајки се за некој друг да постоиш. 

Оти, ваков никој нема да те сака.

А ако никој не те сака ... 

Треба ли и да си жив ? 




Comments