тажното мјаукање на малиот лав
кој ме беше избавил од големата тага.
Оној жален плач
од празнина, радост ...
од празнина, радост ...
изгубено бреме и време,
кој го испушта секој
кој го испушта секој
ајван и човек кој мислел дека никогаш
веке нема да види некој.
Кутрото маче , го оставив тука предолго и само.
Мајка се трзна
веке нема да види некој.
Кутрото маче , го оставив тука предолго и само.
Мајка се трзна
иако постара и болна,
полета како да лебди
и врз подот како ногата да не и гази,
и врз подот како ногата да не и гази,
да спреми , да намести ,
да нахрани ...
она малку останато од одамна изгубен син.
Додека ја јадев носталгијата
спакувана во турлитава,
спремена во глинана тава...
зачинета со целото детство
кое минуваше низ глава,
стоев војнички спремен
за да и ја истрпам
(мојата самотија)
нејзината најголемата болка.
И молчев додека ми зборуваше,
(мојата самотија)
нејзината најголемата болка.
И молчев додека ми зборуваше,
дека треба да си најдам друшка ...
Во дамарите скрив се што имав да речам.
Реков дека од самотија никој не умрел.
Реков дека од самотија никој не умрел.
(Не дореков :„Само умрел сам . “)
А целото тело- од секоја и една клетка
трепереше од нејзината бол
А целото тело- од секоја и една клетка
трепереше од нејзината бол
која прелеваше врз мене.
А сакав да гугнам,
да лажам дека може и некоја да има ...
да лажам дека може и некоја да има ...
Сакав да кажам дека само мачорот...
тој само ми е доста на светот.
Се гушев од мислата која стоеше
зад секоја лага.
Преќутев .
Затоа само останува во стихов.
Мајко , мене одамна ме остави светов.
Мајко , мене одамна ме остави светов.
Како што ме научи ти - давав на секој.
Горки приказни - па знаеш и сама.
Се дадов цел , пробав се ...
Сега синот ти е бездомен пес.
За мене ваков,
дефектен и изгубен...
вистински,
никогаш не се грижел никој.
дефектен и изгубен...
вистински,
никогаш не се грижел никој.
Наместена маса
нем посматрач седи и слуша,
далечна тага за мојата сопствена самотија
далечна тага за мојата сопствена самотија
- исплакана од мајка
на одамна заборавен и изгубен син .
Comments
Post a Comment