The pied piper

 

Зборувај ми за љубов …

за онаа, твојата, вистинската

за секој со вина обременет збор.

за секој ден на колена.

за милост, желба и самотија.



зборувај ми за таа,

твојата вистинска љубов.

Благодарна и искрена

од сон извадена и присилена.

да е само твоја.



Зборувај ми за таа.

вистинската љубов,

отежнати очи,

страдање и безизлез.

Кажувај.


И помни дека во

се кое е твое

јас сум

само огледало.

И само себе ке

си кажеш.


И потоа остави ги

глувците од канализацијата

да живеат некој друг живот

без флејта.

Оти одамна е платена целата цена. 





Comments