Amaurosis fugax

 
Се сеќаваш ли ?
Како со затворени очи ти го галев лицето.
Решен да ја запомнам на врвот
на прстите секоја црта,
секоја твоја емоција,
Секоја свивка.
Ако случајно изгубам вид,
тебе да те познам 
од сите лица на светот.
Сега има само денови кога лежам
со затворени очи,
сеќавајќи се  преку врвовите на прстите
каде останала меморијата
од најмилото лице ...
и се лажам дека си до мене.   








Comments