Мислата
за тебе како рикошет
во мојата глава,
се испукува негде напред.
Се на овој свет знае
да разбуди некое сеќавање
кое сум го мислел закопано.
Па со брзина на болката
минува низ амигдалата
одбивајќи се некаде
на дното на черепот
и воспалувајќи го повредениот
мал мозок -
правејќи ме целиот да се
затрескам како падавичар
губејќи по пат контрола врз
сите импулси.
Потоа долго се одбива од ѕидовите
на черепот,
попат палејќи други сеќавања, болки, стравови.
Но и вечери со светулки, денови убавина ...
Распарчувајќи ја централната
греда та да изгубам врска
меѓу хемисферите...
И така веќе некое време постојам
со по еден таков куршум
кој ровари низ главата
секоја секунда , од секој ден.
Тоа е она најтешкото кога љубиш ...
да го зачуваш разумот при хронично
решетан мозок.
Comments
Post a Comment