Недела

 

Гледам луна се дигнала
над бетонскиов кафез ...
ѕирка низ џамот и како да вика
на ноќна прошетка
по препечениот асфалт.
Го оденила светот вечерва
висејќи над кулите од самотија.
А јас како предолго затворен канаринец
не се дрзнувам да излезам.
Наместо самотна прошетка
избирам само да затворам очи,
слушајќи го Лејн како матра
Love, Hate, love.
и од темнината го генерирам
твојот мил лик .
Те замислувам пред мене.
Тоа лице кое ја жигосало 
на секоја мозочна вијуга.
Замислувам како не сум сам,
како скоро без допир , најнежно
ти го погалвам образот.
Отворам очи ...
Месечината сеуште виси над градот
А ти и понатаму не си тука.





Comments