Деконтаминација на романтизмот

 

Тегнам буква по буква
од пренапрегната сива маса.
Овај излет во споени слогови
е тежок, можеби најтежок.
Вриштат возила на брза помош
додека тука под зелениот рид
во заборавена ќошлеста дупка,
се раѓаат миражи и илузии
од преиспеченава глава.
Но каде и кога ова не би било тешко?
Пред векови начукани колективни лаги
од купчина безработни богати деца
до денес ни ги трујат бедните неврони.
И сега ние такви излажани од мали,
бараме разум во свет гледан низ завеса.
Немам ни извини за „умните“ поети од вчера,
кои мојов свет го направија минско поле.
Создавајќи пресвети представи за
за генерации по нив да виреат во темно,
трагајќи вечно по одамна изгорената Аркадија
и човешката доблест.
А сигурно и тие како мене ...
Знаеја, чувствуваа, свесни беа...
Нај осамено нешто на светов е
да напишеш љубовен стих.
Нај болно е да везеш зборовна
слика од миг мината убавина
додека се давиш во лајна.
Нај нездраво е да величаш доблест 
во време на изолирани егоистични луѓе. 







Comments