Се прашуваш дервишу
дали ти очи не виделе
цела убост на светов?
Ситно едно мало моме
во пурпури застана пред
џамија.
И сега дервишу на то
видение пратено од небо
разбираш.
Слеп си, оти минаре
е високо и лесно паѓа.
Џамијата е од камен
и каменот времето го дроби.
Ама кога ке ја видиш
во пурпур слеана
пред џамија
и гледаш како ништо на
светот не е вечност
освен тој миг
и убавината.
Илалах
вечноста е стихот
за магнолијата пред џамијата.
Ишалах
Comments
Post a Comment