Некаде
меѓу омарнината наутро
и гушењето во бетонски испарувања навечер
овој град пак ми го зема умот.
Како да се претворило се во оган
и одвнатре и однадвор.
Однадвор пекол
одвнатре замислен оган,
од полу-мисли, полу-соништа,
полу-лудила.
Прежешко е дури и за спиење
та да се закопам во сонот
и да одболувам.
Само мрзлив гладен и досаден мачор
кој ме држи да не се потонам
цел во лудилото.
Comments
Post a Comment