Пресен асфалт

 

1
На душата пијавица ...
Цицала додека душата
не ми се исуши и скрши.
И сега газам по жешкиот асфалт на бетонсково
чудовиште од град, молејќи се дека
жештината ќе ја растопи и пак спои
како восок оставен на пеколното августовско сонце.
Но како и тоа да не помага
парчињата замрзнале во стерилната и ладна
пресно варосана соба.

2
Во светов одамна владее самотијата.
Но сега како да станала уште посилна и гнасна.
Од уличен мачор да добиеш
повеќе љубов отколку од човек ...
Што останува освен да се испие на екс целата болка.


3
Како да ги прекинам сите мисли
кои прават змијарник во черепов
та од луѓе прават ѕверови,
од љубов прават гневови
од радоста – самотија.
Тоа дека очиве се осетливи на светло
а телото на жештина прави само се да е полошо
А капак, нема ни кој да ме гушне
за да се исплачам.
Целата топлина на светот 
ја исцицал овој август 
за да ги згрее уличните мачки. 







 



 


Comments