Ќе дојдеш ли?
Да ја стиснеме ноќта во теснец помеѓу солзите и смеата
Да ги изгаснеме уличните светилки со нежен здив
Со олеснување, да смириме мисли
Па низ овој дрвен лик да се разлее насмевка од спокој.
Ќе дојдеш ли?
Да затвориме очи заедно, ти од среќа а јас од умор
Од сите реинкарнации, војувајќи, од сабја па до перо
Уморен од вечната потрага по дрвото на животот.
Ќе дојдеш ли?
За да ме напушти конечно бесот што рие низ полињата на душата
За да не блуе веќе оган змејот крилат.
Време е да се смири.
Ќе дојдеш ли?
За да има на кој да ги дадам сите буриња полни љубов
Векови чувани како добро вино
За да и дадам и на душата од него
Да кренам чаша високо, па да ја скршам конечно
За да не блуе оган веќе змејот крилат.
Ќе дојдеш ли?
За да пуштам галеж низ ветрот онаму каде сонцето ги исуши сите цветови.
Ќе дојдеш ли?
За да можам и јас да си заминам еден ден
Дома.
Comments
Post a Comment