Додека ја склопував
новата трпезариска маса
на екранот гореше твојата насмеана слика.
Често кога правам напорни и досадни
работи низ станот оставам твоја слика
да ме грее додека работам.
Си давам кураж дека направеното е за
се тука во овие пеестина квадрати
да биде поубаво за тебе ...
И како награда мозокот ми дава делузии
дека сето тоа кое го правам не е залудно.
Сега пример замислував како се гоштеваме
со гурмански спремен ручек:
со крем салати,
пржени тиквички...
Домати со моцарела ...
Најтешко од целото тоа e кога ќе завршам
- кога лудилото и фантазијата ќе стивне -
и погледнувам околу себе со најболно и немо
разбирање дека тука сум сам ,
ти никогаш во станов повеќе нема да дојдеш.
Јас тука секој ручек го јадам сам.
Comments
Post a Comment