Јас
Јас стојам во црно и бордо…
Јас во болка и сомневање.
Јас сите и секој.
Тврд како камен и непокорен
Студија за како на секој да си му
брат и пријател,
А од себе ништо да не изгубиш.
Цел живот истрпен
невиден
нечуен
само фуснота
за пијаниче кое има преферирана маса.
Ти
Сите бои...
од пурпури до крвави зајдисонца.
Грешно верување дека ако дадеш
се ке си љубена.
Цел живот докажување.
Жртва на самодоверба и несигурност.
Плашлива како срна.
Повредена и навредена
одамна си заборавила од светот
за себе да бараш …
љубов.
Болка
Везани зборови ,
твоите непријатели .
Полагање сметка за нив
мое чистилиште .
Невидено – нечуено
змијарник на делузии.
Два болни ума
за навек врзани
во квантен заплет.
и векови од ден
и денови од секунда
и миг со денови
и денот векови.
цела вселена во
вечен танц од судири
и хаос .
Само нож за мене,
Само нож за тебе.
Кревет
Кога нежно ги поминувам
прстите врз свилата
која ти ја викаш
твоја кожа,
материјата е материја.
Бранот е бран .
Целата двојност на вселената
станува единствена божествена константа.
И се е единствено,
И дервишот и магнолијата,
и куршумот и цевката.
И целта и замислата.
Дождови
Нека врне ...
Нека прелее се во матна вода.
Нека испере.
Нека .
Само бранот
да е бран .
Вистински.
И со сила нека удри .
И да видам пак дали стои
Минарето и камбанаријата.
Вљубените во кулата .
Дали ја испрало магнолијата,
дервишот пее ли уште
за божествена убавина,
и дали се удавил песот.
И врз ридовите да се дигне
пак златен Ерусалем.
И целатa убавина од
сета земја да ги наполни очиве.
Comments
Post a Comment