Коси обелени никнаа кај мудрецот в срце
Од немање храброст да каже дека љуби жена
И севишниот, толку силно и исто
Што стравот во море реши да го удави.
Грмеше и морето диво жедно за капка шербет
Само сол му вдахнале, на други нудејќи живот
Па само небото му остана
Приказна да му раскаже за својот вечен немир
И да расфрли пенлив бес врз камењата на брегот.
А трештеа мисли од умор
Барајќи во мракот цвет со бои живи
За животот шарен што само во него се свил
За два света различни како срце и ум
За портите железни што вечно нив ги дели
И за клучот незнаен што радост носи.
Comments
Post a Comment