Осамена
фигура на брегот. Тишина, ноќ...
Пропаднале
нозете во мекиот песок,
се изгубил
поглед далеку бесцелно.
Се спуштило
небото ко купола темна,
се слеало се’
во бескраен хоризонт.
Водата
навидум тивка и мирна,
а под неа се
скриле сета човечка завист,
љубомора и
лакомост.
Поминаа така
часови и денови...
Ќе минеа и
месеци, години и векови...
Кога зрак
светлост го проби сивото небо,
дојде од нов
неочекуван правец.
Та откри нов
брег наспроти овој.
А таму, види,
пак таква фигура...
Застанала в
место со копнежлив поглед,
го гледа со
восхит родениот сјај.
Па пружија
раце една кон друга...
И исчезна
водата што брегови делеше,
и небо се
прошара со илјада бои.
Comments
Post a Comment