Илахија ( Прва )

Однадвор

 

 

Кроток чекор.

Раце склопени

преку гради - наведена глава.

Поклон пред себе

Поклон пред Бога.

Поклон пред дарот.

И кругот може да почне.

А во него целиот живот

од новороден лелек

до последна издишка.

 

 

Одвнатре

 

Шашнат и во болка.

Пред очи крв-боја перде.

Темнина.

Поклон пред себе.

Поклон пред Бога.

Поклон пред дарот.

И кругот може да почне.

Извртев,

Го отворив кругот

Се помирив,

и со раце полни кал, слама и туч

ги затварав и рамнев дупките.

Се умилостиви.

Направи кругот да го одвлече пердето.

Само трска во тињата.

Иншала!

Прачка врба во кошница сплетена.

Иншала!

Го отворив небото...

Рака од него да земе - кон небото,

рака од него да даде - кон земјата,

јас само бразда низ која минува

неговиот проток.

Иншала!

И да ме нема мене,

сепак ке блика тој вруток.

Иншала !

И вртев,

И вртев ...

во љубовта негова,

вртев.





Comments