Црвенило

 

Толку многу се познаваме себеси

Што се чудиме од каде ни е црвенилото на образите

Дали од пладневните дремки на летниот припек

Или од студените есенски ноќи.

Уште сто животи да живееме

Ќе се инаетиме со самите себе

Ќе ги преспиеме сонувајќи го невозможното.

Уште сто животи да живееме

Не ќе се одделиме од папочната врвка

Не ќе го раскинеме коренот со земјиното јадро

Не ќе го замениме белиот цвет за црвен.

А кој знае?

Можеби го живееме деведесет и деветиот живот 

А сеуште не знаеме да се радуваме

Па затоа сонуваме за бестежинска слобода

Каде и гравитацијата ќе биде забранета.




Comments