Светло во далечина


Ноќ ... и видиковец 

Треперат светла низ далечни прозорци

Како грст ѕвезди припиени со темнината

Зад секоја фасада посебна приказна

За миг - мир, тишина и поток од топлина

Заклучена лимена кутија чува тајна засекогаш

Полна нежност и воздишки

Магично катче со шепот испишува стихови

Со прсти везени чувства и зборови 

Моќни, докрај неизречени

Подолго траат кога не ќе ги проголта воздухот 

Исцртани патеки по места неистражени

Темнината не се гледа кога очите се затворени

Времето не се мери, нема значај во тие димензии

Сенки во преплет внурнати во длабок порој

Нежен мирис на вечност и спокој

Од каде надоаѓа, каде ли пак се упатува?

Дали е сон, вистина или илузија?

Одненадеж блесок на силна светлина, очи сепнува

Каде сме, како овде стасавме?

Каде оттука?

...

Ноќ... и видиковец ...






Comments