Не престана да топоти бранот
Мислиш вулкан е па ќе прсне пепел и врела лава
Не престана да ти ја покрива главата
Полнејќи ти ги очите со сол.
А на брегот?
На брегот ветрот само врел песок донесе
Па вкусот песоклив ти остана во уста
И по години поминати цели
Да те потсети на силата на водата и земјата.
Ни мноштвото палми на брегот
Не го изладија пеколот
Ниту есенскиот дожд што дојде после
Не го удави твојот јад.
А можеше бестежински да лебдиш на бранот
Само со еден кратка задршка на здивот.
Можеше да се спасиш од ветрот
Само ако го пуштеше здивот на брегот.
И јадот ќе беше помал
Само ако го прегрнеше дождот
Со љубовно дишење.
Comments
Post a Comment