Веда

 
Во заветот на ноќта,
за некое подоброто утре
чекорам врз окапаните
и пожолтени остатоци
од веќе минато лето.
Љубов ил смрт...
Вечното земно кредо.
Љубам ли ?
и ако не ...
дали сум сеуште жив ?
Секој одговор е ужасен
ако одбиваш да го чуеш ...
И останеш во заветот
без да го оствариш заветот
и ноќта да ја претвориш во 
 ... денес.




Comments