Катарзичен мелем

 

Сонувам.

Сонувам оваа пештера да има силен извор

Вруток незапирлив та да фркне со сила

И да напои земји наши та до планините да се качи

Да донесе плодови миризливи и сите во смеа ко сонце да бликнат

Да удави бесови кучешки и змијски отрови да секне

Да ве опои катарзичен мелем што рани ќе лечи во мигот

Да заборавите на се

И кои сте биле и во што ќе метаморфозирате.

Да ви дише душата некој нов здив непознат

Да се капите во нови води брановити

Свежи и исцелителни

Да го најдете клучот што го претвора духот во човек

За доручек сонце

За ручек илјада насмевки

За вечера љубов

Сите вие што мислите со срцето

А умот во чувства ви се вдал.




Comments