Недореченост


Квадратни мисли во округол свет

Ќошињата удираат, се абат и боли

Од силен ветар втурнати во тежок танец

Бараат заклон, овде студи, среде пустош се голи


Темни облаци се завиле ко тмурна стреа

За оловни солзи отчукува нетрпелив час 

Бабрат и бијат, не се трпи тој скржав теснец

Врисок в штама како загушен од вакуум пламен, не се слуша ни глас


Ноќта демне да зграби поглед сматен

Низ сокаци темни да го поведе со итра лага

Та талкајќи намамен од звук од ѕвечулки во ритам

Во занесот сладок не препозна во исчекување тага


Се губи во себе, а во толпата се' погласно збори

Ковчежето е празно, кога секому од себе ќе дадеш

Не барај везови од светли бои, тие одамна ветви под слој прав висат

Не посегнувај по кротка рака, не гледај го така, не смееше од него да крадеш...






Comments