Се вгнездил
немир во тешката мисла,
магла ја
обвила чистата душа.
Во утроба
тешки отрови вријат
правејќи
коктел на вина и бес.
Го учеа дека
е само мал човек,
неважна
ѕвезда во цел универзум.
Неговиот
избор не значи ништо,
работите врват
без негов печат.
Па реши да
остане сосема тивок
кога дојде
мигот да крене глас.
Не застана
гордо пред закана нова,
да одбрани
она што вистински вреди.
Во одраз ја
виде цела своја моќ
секунда
откако предоцна стана.
Кога мирниот
спокој замина веќе
и настапи
ново неизвесно време...
Comments
Post a Comment