Мило тебе ти пишувам !
Да ти оставам збор оти ако не го напишам
ми е страв дека ке ме снема и ке ме заборавиш.
Мило тебе ти кажувам
срцево 12 месеци тешко бие.
само се будам и само легнувам,
и болна болка болно пие.
Од сонце се кријам,
од денот бегам.
Пушти се срце ...
Еј ти шо толку сакаш да си живо.
земи си дел,
Сакај да сакаш пак ...
Очиве веке паралдисаја
од црно и сиво.
Дојди мило.
Знам дека сум згрешен и грешен.
ама само оти од брсјачка душа
пој вадам место бој.
А и ти знаиш дека ако го припитомиш
волко од Азот
и ружите и пците и лисиците
има теманиња да прат.
Ке гори пред тебе Градо...
Мило
Филигран белезница на раче
сакам да имаш.
Ах бе ... Ох бе ...
Толку да те молам да ме сакаш?!
Comments
Post a Comment