Илахија ( четврта )

 
На Јунуза
му сонце засметало
очи му затворило
и цтки му излегле.
И зуцнал лоши думи
во гневот .

Одгоре се јавило
Сонце златно.
Ој Дервишу !
Муамедаумед!
Сал за тебе ли греам!
Па ти Јонузе да ме така горко
колнеш !?!

Јонуз со златното цело срце
усрамен вели :
Ој сонце
Ти си право,
двајца ни е  
даено да грееме,
ама има деној кај шо грешиме. 
И ти имаш деној кај шо 
ми те облаци кријат.
Проштавај ! О  Дервишу
над дервишите !






Comments