Не фрлај слепило на очиве, ти ситна душо
Не фрлај клетва на устата што плачот твој го зборува
Отвори уши уште денес
Ќе го разградиме облакот на провиден смог
Па грам по грам ќе одлета низ космичкиот виор
Нека ѕвездите се погрижат за него.
Немаме време!
Никогаш не сме го ни имале.
Еднаш отидов дури на северниот пол
За во следниот миг да избегам на јужниот.
На двете места ме мрзнеше студот.
Еднаш се качив на највисокиот врв
Па слегов при морската шир
Сонцето и живот даваше и здив земаше
Се дур под земја не побегнав
Но, стравот од светот никако да исчезне.
Разгради го облакот на провиден смог
Грам по грам нека одлета
Ѕвездите ќе се погрижат за него.
Comments
Post a Comment