Утрото
после денот на двојките
23 февруари .
Се разбудив со тагата од смртта
на едниот сакан бард за да видам дека
по светлиот пат тргнал и втор Орфеј.
А 23 февруари е кончилото и на оној
чие име не остана на вода напишано.
Чинев овај ден ќе е сиот облеан во плач.
И потоа од никаде разбрав
дека уште еднаш ке треба да крштевам,
ни дошло на светов едно моме.
за уште час покасно
да слушнам , и на пријател мил му се
родил внук.
А и тоа плач, но оној убавиот,
кога прв пат ќе се отворат очи
кон се убаво на овој свет.
Ми заигра и убаво душава вмигот.
Денов како два волци да го загризале
срцево и тргаат секој на своја страна.
И седнав им го зачитав стихот,
на тројцава поети , кој пресно , кој одамна...
но сепак мртви .
Едниот вика смртта не можела да земе
онолку колку што можела да даде љубовта
и водопадот на лирата.
Другиот вели :
„Убавото нешто – радост вечна:
убавината сал ке му расне
и никогаш нема да исчезне“
И денот одеднаш сонце го огрева
и место солзи сега благодарност,
и веќе не се пара душава меѓу чељустите
на емоции спротивни а диви.
Ви благодарам по лирата мои браќа
за секоја нота и секој стих.
Светол нека ви е патот ,
никој не излегува од животот – жив.
За Keats, Lanegan, Павловски ...
Comments
Post a Comment