Child play

   

“oṃ bhūr bhuvaḥ svaḥ
tat savitur vareṇyaṃ”
Ја гони тишината.
Од перницата се отвараат
очите на она детеце кое
си играше само во песокта,
и за друштво зборуваше
со животните.
И сега е сам ,
и додека се јурка
низ домот во облаците,
си игра со кафематот,
се гони со мачорот,
го гледа приближеното небо
кое чиниш притиснало и се споило
со врвовите на ридот со крст за капа.
Двете дупли кафиња
е она време кое го има
секој ден.
A потоа мора да ги облече
некогаш црните, но веќе побелени
долами од грижи.
И да тргне и да се преправа
дека е голем.




Comments