Пак ли Улисе ?

 

Дури гласот на Томи грепчи по ѕидовите
сновејки приказна и молитва да не се вљуби.
Јас си клепам слог по слог ,
стих по стих.
Сеќавајќи се на она, дека убавината
знае така стих по стих да не заморува.
Ама тоа е сонот и чекмеџето и тајната.
Оставен тука сам на светов ...
сам да толкувам ...
Цел еден живот посветен
на тумачење на убавината на постоењето
преку постоењето во убавина ...
Стихов предолг станал пак,
тежината му е во она кое
е забавено а незаборавено.
и надвор пролет пак се зори.
И пак ке гледам ханами деновиве ...
И овај пат ке фалат едни
очи со боја на мед да се насмеат...
Да го занемат стихот и да разбудат
зад крпенките и алтиците
златна во оган искапена птица.
И ке можеш ли да му простиш на 
детето-поет со очи ненаситени убавина
ако сеуште силно љуби ? 
 
 



Comments