Зачинот

 
Не се разбираме ...
Или само говориме други јазици.
То кое го сакам јас
е планинска мајчина душица,
оној од бог благословен мирис
кој цела планина
ja претвора во радост.
И таму никаде не гледам
дебела домаќинка
која одамна се збогувала
од денот и стихот.
Знаеш дека јас не можам
да живеам со нешто израснато
на плантажа чиј цел живот
има или достигнува само една цел...
Петочниот грав , со избледена арома
на ветрот кој се лизга
по склонот на планината
откако тој мирисен цвет прецути.




Comments