Ме беа
настигнале годините,
Телото издаде и душата над глава демнеше.
Денот во ноќ се претвори...
И само некое провидение
за очи боја боров мед ама Пстри и светли.
И дојде тогаш денот.
Светла прецутена сабота.
Сонце за сенка да направи
зад тенок вел облаци се скрило.
А душава од тело слободна се вилнееше
пред градот свет.
И чукаше на портите и молеше да се врати.
во рувото светло и свето.
Уште утрото прв пат чув...
„ Стани Лазаре “
И насетив како нешто ме влече
назад од планината накај белиот мермер.
И гледав како минуваат и влегуваат
додека чекав дали пак ке го чујам тој глас.
Застанат одгоре на гранка,
со другари гаврани и гулаби.
А телото скукулено,
полевано и миропомазано
со килибарни течности
веќе денови ( можеби години ).
И така дури черешови
цветови врнеа и откако надежта
си отиде за денов,
се појави пак.
„Стани Лазаре !“
Ме повлече од гранката и ме врати
назад да вртам околу телото
сопствено.
И во тој круг околу масата
пак слушав и пак мирисав
се радував на топлината
и очи со боја боров мед просветеа.
и се стемни, и уште мириопомазаниа
на телото во кое требаше да се вратам,
и околу кое вртев слушајки како
без мене му се приближува спасот.
Само заедно можеше да влеземе
во градот и да искусиме од светото и светот.
Ама оној кој долго се откажал од себе
тешко се враќа до чувство.
И така заслепен и изгубен
од очите вртев околу себеси.
И прашував дали ќе ова само еден допир
или ќе е векови покајание.
Дали само преговараме
или се договараме ...
Дали има во тие очи прошка
и избавленије.
Се затресе земјата и зататни небото.
Во свежиот мрак се наведоа тие очи кон мене,
еден допир на усните врз усниве,
нежна рака врз лицево ...
Се вратив во себе !
Се споија душа жедна
и тело вратено од мртвите,
и чув пак :„СТАНИ ЛАЗАРЕ !!!“
Comments
Post a Comment