Кога зборовите ги
присилувам заедно
врз невиноста на белиот лист
од секој од нив се надигаат квантни бранови
и интерференции.
Кога зборовите ги присилувам заедно
тие се камчиња фрлени во
мирната бара која се нарекува живот
со кругови да извикуваат бурите.
Кога зборовите ги
присилувам заедно
тоа го правам за меѓу нив нешто да е најдено...
Некогаш за другите да се најдат,
а некогаш јас себеси.
Кога зборовите ги присилувам заедно
времето го пакувам во мали стаклени шишенца
кои ги запечатвам...
За мигот убавина да е уживан и друг пат.
Comments
Post a Comment